Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус следната сезона, објави новинарот на „Скај спорт“ Фабрицио Романо.

Триесет и четири годишниот португалски репрезентативец има важечки договор со „бјанко-нерите“ до 30 јуни 2022 година.

– Јас сигурно ќе останам во Јувентус следната сезона. Сигурно, 1.000 проценти, го цитира Роналдо, новинарот Романо.

Роналдо се пресели во Јувентус летото 2018 година од Реал Мадрид. За негова жал не успеа да ја исполни амбицијата во првата негова сезона во Торино, а тоа е да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус.


Администратор
21/04/2019 01:43