Осма сезона по ред, екипата на Јувентус го освои Скудетото и ја продолжи доминацијата во италијанскиот фудбал во последнава деценија.

Печат на новата шампионска титула Јувентус стави вечерва со триумфот над Фиорентина во 33.коло на Серија А по кое торинскиот клуб има недостижна предност пред втроропласираниот Наполи.

Вкупно, Јувентус има 35 шампионски трофеи (со исклучок на два во сезоните 2004/05 и 2005/06, кои „Старата дама“ ги изгуби по скандалот со корупција).

Резултати на натпреварите од 33.коло во Италијанското фудбалско првенство:

Парма – Милан 1:1

Болоња – Сампдорија 3:0

Каљари – Фросиноне 1:0

Емполи – Спал 2:4

Џенова – Торино 0:1

Лацио – Киево 1:2

Удинезе – Сасуоло 1:1

Јувентус – Фиорентина 2:1.

Интер – Рома 1:1.

Во понеделник колото ќе го комплетираат Наполи и Аталанта.

Табела: Јувентус 87 бода, Наполи 67, Интер 61, Милан 56, Рома 55,….


Администратор
21/04/2019 01:41