Ветија живот! Донесоа сиромаштија и беда!

Ветија правда и ослободени институции! Донесоа неправда и заробени силно партизирани институции!

Ветија многу проекти за Охрид! Не видовме ниту еден!

Не ветија промена на Уставот! Но името ни го променаа!

Почитувани граѓани,

Вака во неколку реченици може да се опише хаотичното, анархистично и безидејно владеење на СДСМ во изминатиов период.

И кога мислевме дека со воспоставувањето на процедурите за работа и воведувањето на новиот концепт на работа сме ги поставиле темелите на функционирање на градот без оглед кој е градоначалник, на власт во Охрид дојде СДСМ.

Ни малку не почекаа тука веднаш по преземањето на градската власт, ги укинаа процедурите и протоколите за работа кои во својата суштина носеа и гарантираа развој на Охрид. Почнаа да ги избегнуваат јавните претпријатија и работата да ја даваат на приватни фирми, воведоа чуден и скап начин на наплата на паркинг, не асфалтираа ниту една дупка по улиците, водеа нетранспарентни и сомнителни преговори со доверители за исплата на долгот на општината, ја распуштија општинската администрација, секојдневно ги полнат општината и јавните претпријатија со партиски послушни војници, ја избегнуваат електронската архива со цел да манипулираат со документите во општината, во однос на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација се вратија на старото и повторно избраа саеми во соседството каде партиските послушници кои таму одат нема потреба да знаат англиски јазик, како најголеми екологисти не засадија ниту едно дрво, ги излажаа младите, пензионерите со еден збор ги излажаа сите граѓани на Охрид. Не ветија но ја покачија цената на водата и воведоа фиксен трошок за секое домаќинство!

Овозможија урбанистичко дивеење во секој дел од градот. Секојдневно никнуваат дивоградби. Немоќни се пред урбанистичките налети на еден нивен коалиционен партнер.

Мислат дека граѓаните на Охрид доживеале амнезија. Сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ги претстават како свои иако ништо не сработија.

А Константин Георгиески никако да научи дека кампања се води од првиот ден. Се води со работа, со проекти. Не може да се асфалтираат улици ноќе на само неколку дена пред избори. Повеќе од еден месец се реконстриура еден кружен тек. На никому не му е јасна потребата од неговата реконструкција. На само една недела пред изборите општинската администарција и јавните претпријатија се преполни со партиски луѓе на СДСМ кои без никаков статус се шетаат од канцеларија во канцеларија! Охридската противпожарна единица и понатаму останува главен адут за вработување, како мамка за луѓето! А сите знаат дека половина Велгошти на минатите избори го излажаа за вработување во пожарна!

Но доаѓа денот за одлука! 21 ви Април е денот кога користејќи ја моќта на гласачкото ливче – најсилниот демократски инструмент ќе им го покажеме местото на овие луѓе!

ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори излегува со програма за убав Охрид! Во неа детално се предвидени реални и потребни проекти за градот кои со домаќинска работа ќе се реализираат!

На охриѓани им го нудиме како опција Д-р Митре Милошевски. Човек кој сите добро го познаваат, почитуваат човек кој има концепт и визија за Охрид.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ гарантираме дека од Д-р Митре Милошевски нема да бараме да биде слеп партиски послушник. Ќе бараме од него да биде Градоначалник на сите граѓани! Онака како што работел до сега да продолжи и понатаму! Неговиот кабинет да биде отворен за сите граѓани и нивните проблеми! Силно ќе го поддржуваме во неговите напори да соработува со сите политички партии застапени во Советот на општина Охрид! Само така ќе биде Градоначалник со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се гордее! Д-р Митре Милошевски е гаранција за развојот на нашиот Охрид! Д-р Митре Милошевски ќе биде градоначалник на сите без оглед на партиска, верска и националната припадност. Кај него шанса да се докажат ќе добијат сите! Главен услов за тоа ќе биде личниот и професионален капацитет на личноста и неговата едукација! Друг услов ќе нема!

Во недела гласаме и за професорката Гордана Силјановска-Давкова. Со неа добиваме мајка на нацијата, претседател на сите кој ќе се бори за Правда за Македонија! Охрид со силната поддршка на професорката Давкова ќе му даде црвен картон на Зоран Заев!

За деновите во кампања што да се каже? Кампања која ја водат: министерот за внатрешни работи, директорите на УЈП и Царина е далеку од фер и демократска. Но нашиот таргет беа и секогаш се граѓаните. Ги посетивме дома и одблиску ги видовме нивните проблеми и маки. Ние имаме решение и знаеме како!

Почитувани граѓани,

Искористувајќи го нашето демократско право на глас, заокружувајќи ги броевите 2 и 5 практично гласаме за Убав Охрид и Правда за Македонија! Овие два слогана значат крај на владеењето на СДСМ и Зоран Заев и опустошувањето и обезличувањето на нашиот Охрид и Република Македонија!

Охрид повикува, Татковината повикува!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид


Администратор
19/04/2019 17:40