Почетокот на вториот Дигитален самит на Западен Балкан го обележа и роботот Титан кој пред присутните заигра на светскиот хит „Gangnam Style” од Псај.

Пред официјалното обраќање, роботот го прекина водителот на сцената, па по кусо расправање, му „ја украде“ улогата.

– Дами и господа, дали сте подготвени да уживате во забавата?!, ја праша роботот публиката, по што веднаш го заигра накратко својот „Гангнам Стајл“.

Откако го заврши својот танц, машината ја изговори култната реченица на Арнолд Шварценегер во „Терминатор 2“ – „I’ll be back” (Ќе се вратам) и замина од сцената.


Администратор
04/04/2019 16:30