Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на францускиот играч од средниот ред на Пари Сен Жермен, Адријан Рабио, објавија „АС“ и „Спорт“. Играчот моментално е надвор од плановите на ПСЖ, а неговиот договор истекува по крајот на сезоната, откако летово ќе биде слободен агент.

Андреа Берта, спортскиот менаџер на „јорганџиите“, веќе контактирал со претставниците на Рабио за да дознае дали играчот е заинтересиран да игра на „Ванда Метрополитано“. Тренерот Диего Симеоне даде зелено светло за можен трансфер на 23-годишниот играч од средниот ред.

Мајката и агент на играчот – Вероника, вчера го обвини ПСЖ дека клубот го држи нејзиниот синк како „заложник“.

Интерес за играчот не недостасува од водечките клубови во Европа, но сé уште е нејасно каде Рабиот точно ќе продолжи да игра.


Администратор
21/03/2019 13:32