Огромна ножица на која пишува „Уа, шнајдери“, е поставена утрово на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Станува збор за герила-акција, поттикната од распределбата на пари за годишната програма во културата.

Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива метрија и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси.

Недозволиво е организации стари 10 дена да имаат предност над културното наследство старо 10 века. Сите присутни во националната стратегија за култура треба да се пресликуваат во годишните програми, а не да се изоставаат на страна, пишува на таблата.


Администратор
13/02/2019 15:55