Во каменолом во Габон се откриени одлично сочувани фосили во шкрилец стар 2,1 милијардa години, што можеби ги открива првобитните живи организми што биле способни сами да се движат.

Фосилите датираат од период кога животот почнал да еволуира во посложени облици. Научниците сметаат дека цевчестите структури кои ги пронашле потекнуваат од попримарни организми што се движеле низ водеста кал.

Животот се појавил во океаните на Земјата пред околу четири милијарди години, но најраните облици на живот не биле способни сами да се движат.


Администратор
12/02/2019 16:35