Најсилната светска кошаркарска лига ги прогласи најдобрите во двете конференции за минатата седмица.

МВП на Источната конференција е кошаркарот на Индијана, Бојан Богдановиќ. Неговиот просек е 22,5 поени, 2,5 скока и три асистенции.

Најдобар играч на Западната конференција беше членот на Оклахома сити, Пол Џорџ. Тој во просек, постигна 37 поени, осум скокови и 3,3 асистенции.