По еден топол оброк дневно од понеделник до петок и спакувана храна за сабота и недела веќе седум години добиваат 106 социјално загрозени, претежно повозрасни жители од селата Богомила, Теово, Оморани и Мартолци во општина Чашка.

Преку Центарот за социјална работа од Велес храната им се дели во различни општински простории во овие населени места.

Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски за МИА изјави дека деновиве треба да почне и дистрибуција на топол оброк за социјално загрозени лица во селото Извор.

Тие веќе конкурирале во Центарот за социјална работа и вработените таму деновиве ќе го направат изборот според утврдени критериуми.

За овие лица топлиот оброк ќе се дели во просториите на Дневниот центар за стари лица во село Извор, кој беше пуштен во употреба на крајот на минатиот месец.


Администратор
14/01/2019 16:55