Славниот српски кошаркар и функционер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац го прослави православниот Божиќ со Србите во Америка.

Традиционално, Србите кои се преселиле во Америка каде живеат сега се собираат во Џексон и Чикаго и заедно пукаат со пушки, по што ги собираат испуканите чаури, а се се одвива под строга полициска контрола.

Оваа церемонија беше засилена со присуството на Владе Дивац, кој исто така пукаше со огнено оружје. Тој пристигна со неколку негови пријатели со џип на добро позната локација и заедно со нив ја покажа својата способност да се справи со пушката.

По пукањето, сите заедно одат во црквата, а потоа со печено прасе поминуваат низ неколку куќи.


Администратор
11/01/2019 01:40