Продукциската куќа „Сони Пикчрс“ го најави вториот дел од приказната за антихеројот на Марвел, Веном, со речиси истиот тим.

Насловната улога повторно ќе ја толкува Том Харди, а се очекува нему да му се придружи и Мишел Вилијамс.

Познато е и дека сценаристката Кели Расел ќе го работи и сценариото и ќе го продуцира вториот дел. Датумот на премиерата сѐ уште не е утврден.

„Веном“, чија премиера беше лани, досега во светот заработи 885 милиони долари.


Администратор
08/01/2019 16:06