Светски популарната Барбика годинава ќе го прослави 60-от роденден, и сѐ уште „не се дава“, бидејќи годишно се продаваат по 58 милиони кукли во над 150 држави.

– Во индустријата за играчки каде што успехот трае од три до пет години, 60 години е навистина голема работа, изјави генералната директорка на брендот, Лиза Мекнајт.

Барби своето деби го имаше на 9 март 1959 година на саем за играчки во Њујорк. Оттогаш се продадени неколку милијарди кукли низ целиот свет.


Администратор
04/01/2019 03:01