Во Норвешка пет метри под површина на морето се отвора првиот подводен ресторан во Европа, а се оценува дека тој воедно ќе биде и најголем од таков тип во светот, кој ќе може да услужи околу 100 луѓе. Изградбата е при крај и првите гости се очекуваат веќе во април оваа година.

Ресторанот, симболично, ќе се вика Ундер. Неговата површина е од околу 500 квадратни метри, на три нивоа. На влезот ќе биде поставен бар, кој всушност ќе го означува „преминот“ од брегот под океанот. Во објектот ќе има прозорци долги 11 метри, низ кои ќе може да се набљудува морскиот свет.

За да се спречи луѓето да се чувствуваат клаустрофобично во ресторанот под водата, архитектите тврдат дека е многу важно осветлувањето, додавајќи дека конструкцијата е направена да биде безбедна и да издржи променливи временски услови.

Сосема очекувано, на менито во ресторанот под вода ќе се најдат морски плодови, но и печурки и зеленчук.


Администратор
03/01/2019 01:31