Висдом (Wisdom) е женски лејсан албатрос и официјално е најстарата птица во светот. Таа има најмалку 68 години и годишно минува по десетици илјади километри.

Она што за многумина е неочекувано е што птицата, на таа возраст, се врати на островот Мидвеј и одново снесе јајце.

Научниците со неа првпат дошле во контакт и ја обележале во 1956 година, што значи дека има најмалку 68 години. Тоа не ја спречува секоја година да се врати на островот во Пацификот и да снесе јајце.

Биологот Чендлер Робинс првпат се сретнал со Висдом и го обележал во близина на американска поморска касарна. Веќе била возрасна, што значи дека имала најмалку шест години.

Висдом беше една од 8.400 албатроси кои биле означени таа година и една од стотиците илјади на Мидвеј, каде албатросите секоја година доаѓаат за да снесат јајце.

Лејсан албатросите се гнездат во огромни колонии и тоа речиси исклучиво на островите Мидвеј и Лејсан. Албатросите на возраст од околу пет години бараат партнер, со кого остануваат се до својата и нивната смрт. Годишно снесуваат по едно јајце. Висдом, со сегашниот партнер Акеаками се запознала во 2006 година.


Администратор
06/12/2018 19:45