Група граѓани се собраа пред домот на поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски каде извикуваа „предавник“. Од „Македонија блокира“ го повикаа Пешевски да излезе и да го прими нивното писмо.

Извикувајќи „Предавник“, му порачаа дека Македонија не поддржува насилна промена на името, и дека е срамно да учествува во национално предавство.

- Народот ќе ве чува ако ви се закануваат, излезете да ја спасиме Македонија, велеа тие.

Полицијата ги спречи да влезат кај него дома да му го предадат писмото.