Прилеп синоќа беше домаќин на осмата манифестација „Поетски слам Македонија“, во организација на прилепската асоцијација „Театарска работилница Прилеп“.

Во градската библиотека „Борка Талески“, 17 автори ги претставија своите творби. Гости беа и Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски.

Жири-комисијата избрана од публиката за победник го прогласи авторот Игор Трпчески од Прилеп. Второто место и припадна на Елена Пренџова, а третото место го освои Роза Милкова.

Организаторот нагласува дека манифестацијата стана традиционална и ги претставува авторите од речиси цела Македонија.


Администратор
11/10/2018 16:38