FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 2 денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
2 – До денес, само двајца луѓе го имаат освоено фудбалското светско првенство и како играч и како тренер – Марио Загало и Франц Бекенбауер.
Загало стана два пати светски шампион во текот на неговата кариера како играч, во 1958 и 1962, и беше кормилар кога Бразил триумфираше против Мексико во 1970.
Франц Бекенбауер го подигна Трофејот како капитен на Западна Германија во 1974 и како селектор на националниот тим во 1990. Покрај ова Бекенбауер беше дел од Германија како играч во финалето кое Германците го загубија во 1966 и како тренер 20 години подоцна.