На Светските фудбалски првенства почнувајќи од 1982 година се избира најдобар играч. На деветте Мундијали оттогаш Италија, Бразил и Аргентина по два пати го дадоа најдобриот, а по еднаш признанието му припадна на Германец, Уругваец и Французин.

Со оглед на тоа што италијанската репрезентација не е учесник на СП 2018 во Русија, шанса по трет пат да го имаат во своите редови најдобриот играч, имаат само Аргентина и Бразил.

Најдобри фудбалери на светските првенства – наградата се доделува од 1982 година: 1982 година Шпанија - Паоло Роси (Италија) 1986 година. Мексико - Диего Марадона (Аргентина) 1990 година Италија - Салваторе Скилачи (Италија) 1994 година САД - Ромарио (Бразил) 1998 година Франција - Роналдо (Бразил) 2002 година Јапонија / Јужна Кореја - Оливер Кан (Германија) 2006 година Германија - Зинедин Зидан (Франција) 2010 година Јужна Африка - Диего Форлан (Уругвај) 2014 година Бразил - Лионел Меси (Аргентина).