25 мај 2003 година. Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ во Охрид, по поразот на парламентарните избори претходната 2002 година. Двајца кандидати се борат за местото на Љубчо Георгиевски - Претседател во оставка. Никола Груевски и Марјан Ѓорчев.

По низа контроверзии во деновите додека се оддржува конгресот и јавното прокламирање на Георгиевски на Груевски како нов Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, резултатот беше очекуван.

Медиумите ќе пренесат:

„Никола Груевски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше избран за нов лидер на партијата по тајното гласање на редовниот конгрес на оваа партија, што во изминатите два дена се одржа во Охрид.

Груевски, од 289 делегати кои гласаа освоил 220 гласа, додека неговиот противкандидат, Марјан Ѓорчев, ја доби довербата на 69 делегати, соопшти претседателот на изборната комисија Љупчо Балковски. Сите делгати гласале, а неважечки ливчиња нема, додаде Балковски по процедурата на гласањето и пребројување, што траеше нешто повеќе од 2 часа.

Во своето обраќање по соопштувањето на резултатите, Груевски истакна дека партијата ја очекуваат тешка борба и голем напор за зацврстување на внатрешната организацијата.

„Убеден сум по овие седум месеци во Македонија, дека наскоро ВМРО ДМНЕ Ќе биде новиот победник на следните избори," рече Груевски.

На крајот од Конгресот, новиот претседател во името на партијата, на Љубчо Георгиевски. кој вчера официјално се повлече од лидерската функција, му врачи Златна плакета, „за вечна благодарност за се што тој направил за партијата во периодот од 1990 до 2003“.

Георгиевски, конгресот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како школски пример за демократија не само во земјата, туку и пошироко и уште еднаш повика на кампања за предвремени избори.

„Македонија треба уште веднаш психолошки да се подготви за нови избори и за нова победа на ВМРО ДПМНЕ,“ рече Георгиевски на крајот од конгресот.“

15 години подоцна, Никола Груевски во својата биографија ќе забележи 10 години Премиер на Република Македонија, а од завчера и пресуда со затворска казна во траење од 2 години, што според него а и според пошироката јавност во Македонија се работи за политички монтиран процес.

Во продолжение погледнете и ја првата изјава на Никола Груевски дадена за А1 телевизија.


Администратор
25/05/2018 03:28