FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 24 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

24 – иот натпревар од фудбалското светско првенство во Бразил 2014 навистина предизвика сензација. Во групата сочинета од поранешните светски шампиони Италија, Англија и Уругвај, беше очигледен аутсајдерот Костарика, која на крајот сепак заврши на врвот на табелата во групната фаза.

Костариканците си го резервираа своето место во шеснаесетфиналето по само два натпревари од кои едниот натпревар беше триумфот над Италијанците со минимални 1:0. Точно 24 години по нивното последно и досега единствено пласирање во шеснаесетфиналето, капитенот Брајан Руиз го постигна одлучувачкиот гол кратко пред полувремето – благодарение на примената на видео технологијата за сигнализација дали топката завршила позади гол линијата. Шутот со глава на капитенот удри во долната страна на статитавата и се одби завршувајќи зад линијата во 44 – тата минута.

“Беше голема победа” рече стрелецот на победничкиот гол и играч на натпреварот. “Мислам дека сега, веднаш по натпреварот, може да се види колку ова достигнување ќе им значи на луѓето од Костарика.”

Додека Костарика на крајот стигна до четврт финалето каде изгуби од Холандија на пенали, Италија и Англија беа принудени да се вратат дома по групната фаза.