Руските власти нема да дозволат масовни борби меѓу навивачите на претстојниот Мундијал. Ова го изјави пред новинари Игор Зубов, заменик министер за внатрешни работи на Русија.

Тој прокоментира материјал во весникот „Дејли Стар“ дека британските фанови планираат „да направат трета светска војна“ на претстојниот Светски куп.

- Многу смела изјава. Тоа што се случи на Европскиот шампионат во Франција пред две години, такви големи нереди не можат да се случат во Русија , изјави Зубов.

Тој објасни дека во врска со спроведувањето на шампионатот се направени законски промени. Сите фанови кои ќе прават проблеми ќе бидат уапсени и депортирани веднаш.

- Ние нема да дозволиме масовни тепачки. Можеме да се справиме, додаде министерот.

Светското првенство 2018 ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија.