FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 26 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
26 – е бројот на пасови кои беа употребени во перформансот кој го комплетираше Естебан Камбиасо, носејќи и на Аргентина 2-0 резултат во Ц групата на натпреварот против Србија и Црна Гора во Гелзенкирхен на фудбалското светско првенство во Германија 2006, натпревар кој заврши со високи 6:0 за Аргентина.
Вкупно 57 секунди поминаа од моментот кога Хавиер Маскерано го елиминираше Матеја Кежман, додавајќи ја топката назад кон Габриел Хајнц, до моментот кога Камбиасо го даде голот. Толку време и беше потребно на екипата на Хозе Пекерман да покаже колку добро може да игра.
Девет играчи беа дел од еден од најголемите перформанси на тоа Светско првенство конкретно, каде само голманот Роберто Абонданзиери и десното крило Николас Бурдисо не успееја да ја допрат топката за време на акцијата.
“Не сум видел такво нешто со години” подоцна рече Хернан Креспо, кој асистираше додавајќи наназад кога Камбиасо постигна гол. ”Беше нешто слично на мал фудбал. Никогаш не сум бил дел од толку убав гол.”
Камбиасо беше на теренот само 14 минути, влегувајќи во игра на местото на повредениот Луис Гонзалес.