FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 27 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
27 – Со нивните исклучителни индивидуални вештини и извонредна тимска игра, оваа генерација на унгарски фудбалери беа очекувано познати како “Златниот Тим” на ”Моќните Маџари”. Најголемиот дел од тимот исто така играше и за нивниот фудбалски тим Хонвед во Будимпешта, што значеше дека можеа меѓусебно да си ја додаваат топката и да се најдат на теренот без многу напор кога го претставуваат националниот тим.
Легендарните имиња на Сандор Коцис, Нандор Хидегкути и над сите Ференц Пушкаш се трајно изгравирани во историските книги на унгарскиот и светскиот фудбал.
Нивните телепатски способности им помогнаа да постигнат вкупно 27 гола на фудбалското светско првенство во 1954 година, што е најголем број на голови постигнати од еден тим на едно светско првенство. Овој податок го прави уште поизвонреден успехот на Западна Германија во Финалето во Швајцарија 1954, кога издвојува победа над Моќните Маџари и им ја одземаа славата со шокантна победа од 3-2.