FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 28 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
28 – Верувале или не, 28 црвени картони биле досудени на фудбалското светско првенство во Германија 2006, што е повеќе од било кое претходно издание на првенствaтa.
Слика која долго ќе остане запаметена во сеќавањата на фановите секогаш кога ќе се спомене светското првенство во 2006 година е моментот на лудило на Зинедин Зидан на берлинскиот олимписки стадион, кога францускиот плејмејкер го удри со глава Италијанецот Марко Матераци.
Откако изведе серија на блескави перформанси за време на првенството, искусниот играч на Реал Мадрид се надеваше дека својата 18 годишна професионална кариера ќе ја круниса со втора светска титула. Се одеше според планот на капитенот на Французите откако го совлада Џанлуиџи Буфон постигнувајќи гол на почетокот на натпреварот од 11 метри.
Како и да е, поглавјето кое таа ноќ се испиша во книгите на фудбалската историја беше многу поразлично од она кое Зидан го имаше замислено. Наместо да го дигне Трофејот, последната работа која францускиот магионичар ја виде на берлинскиот терен таа вечер беше црвениот картон досуден од аргентискиот судија Хорацио Елизондо.
Првенството во Германија 2006 исто така беше и последниот голем турнир за самиот Елизондо, кој ја создаде својата лична историја станувајќи првиот судија кој судел и на почетниот натпреварот со кој се отвори првенството и на финалето.