FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 30 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
30 минути имаа поминато на часовникот на Стадионот Сеул на 31 Мај 2002 година кога Сенегалецот Папа Буба Диоп го постигна единствениот гол на натпреварот против Франција од А групата, искористувајќи ја предноста која му ја даде мешаницата меѓу Емануел Петит и Фабиен Бартез.
Голот остана запаметен во историјата како првиот гол што Сенегал го постигнал на фудбалските светски првенства, а кој на Сенегалците им овозможи да го обележат нивниот дебитантски настап со славната победа против тогашниот светски и европски шампион, кој на првенството беше убедлив фаворит.
Тоа беше премногу тежок пораз за луѓето на Роџер Лемере. Без играта на Зинедин Зидан, кој неколку дена порано заработи повреда на бутот, Французите продолжија и во наредните два натпревари без ниту еден постигнат гол, поради што завршија на дното од нивната група. За разлика од ова, играчите на Бруно Метсу го освоија второто место во групата после Данска и уживаа во својот понатамошен успех стигнувајќи до четврт финалето, каде во продолжението на средбата со Турција примија златен гол.