FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – 31 ден до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

31 е бројот на градови низ целиот свет кои биле два пати во различни периоди домаќини на фудбалското светско првенство.

Градот Мексико сведочеше на бразилскиот триумф на Пеле во 1970, а 16 години подоцна, главниот мексикански град повторно беше местото каде Диего Марадона овозможи Аргентина да ја понесе круната на светски шампион.

Во 1974 година, Минхен сведочеше на постигнувањето на светска слава на домашен терен од страна на Франц Бекенбауер и Ко, пред Италија да го подигне Трофејот на светското првенство по четврти пат во истиот град 32 години подоцна.

Рим, Париз и Рио де Жанеиро истотака се наоѓаат на оваа листа од 31 град, обезбедувајќи соодветна основа за безбројни авантури кои останале запаметени во фудбалската историја и донеле неизмерна радост на страсните фанови на оваа прекрасна игра.