FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – 32 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

32 тима застанаа на стартните позиции на фудбалското светско првенство во Франција во 1998 година, кое е прво во престижната историја на првенствата во таков формат. До 1998 после првенството во Шпанија во 1982 учествуваа 24 екипи додека во периодот меѓу 1934 и 1978 светските првенства броеа 16 учесници. На првото првенство одржано во Уругвај во 1930, учевствуваа само 13 држави.

Бројот на учесници продолжи да расте низ историјата на светските првенства, а ова оди рака под рака заедно со огромниот развој на фудбалот во минатиот век и распространувањето на фудбалот на сите четири страни на светот. Светското првенство во 2026 ќе ги издигне нештата на едно ново ниво во кое ќе се натпреваруваат 48 земји.

Учевството на 32 тима во 1998 година очигледно доведе до промени во правилата за квалификации, така што конфедерациите добија плус места. Како резултат на тоа, квотата на Европа се зголеми на 15 места (+2), Јужноамериканската на пет (+1), на CONCACAF на три (+1), Африканската на пет (+2), и Азиската на 3.5 (+1.5; 0.5 се однесува на местото резервирано за победникот на Азиско-Океанскиот интерконтинентален плеј-оф).