Според партијата на Билал Касами, припадници на единицата Алфа, без причина во Чаир го запреле и го претресувале возилото на Меритон Чивули шефот на изборниот штаб на движењето Беса.

Партијата БЕСА, обвинува дека нивни членови и активисти денеска биле малтретирани од припадници на посебната единица на полицијата Алфа, и од симпатизери на ДУИ. Порталот „Алмакос“, информира дека околу 15 часот, во училиштето „Иднина“ во Чаир бил претепан активист на БЕСА. Според објавените информации, тој бил претепан од приврзаници на партијата на Али Ахмети, ДУИ.

За малтретирање на членството на БЕСА, јавува и „Лајм“. Според партијата на Билал Касами, припадници на единицата Алфа, без причина во Чаир го запреле и го претресувале возилото на Меритон Чивули шефот на изборниот штаб на движењето БЕСА. Од партијата за „Лајм“ обвинуваат и за притисок врз нивното членство од страна на полицијата.

Телевизиите „Шења“ и „Алсат“ јавуваа дека на повеќе гласачки места во шарпланинскиот регион, како и во општина Студеничани, неколку часа биле без електрична енергија. Како што јавуваат медиумите граѓаните сведочеле дека стравуваат од можни манипулации или кражба на гласови. Телевизијата „Алсат“, поради прекин во електричната енергија во неколку села од шарпланинскиот регион, јавува за неизвесност во гласањето во Тетово.

ЦИВИЛ објави содржина од смс порака, каде според нив општинскиот огранок на СДСМ во Чаир, врши агитација врз граѓаните за кого да гласаат, случај кој го нарушува изборниот молк, информираат од ЦИВИЛ. Содржината на телефонската порака повикува на гласање за кандидат на ДУИ во општина Чаир, со цел да се казни противкандидатот. Ова порака која стигнала кај граѓанити кои немале исто мислење со авторот предизвикале гнев и нервоза кај гласачите, информира оваа организација.