Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓани во Чешиново Облешево и Зрновце, а митинзи ќе одржи во Виница и Кочани.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Ранковце и Старо Нагоричане и митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка.
Демократската унија за интеграција ќе има средба со граѓани во Дебарски бањи, а пак Движењето „БЕСА“ организира средби со граѓани во Дебар.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.