На 15 октомври луѓето ќе се произнесат дали се за ваков договор со Бугарија каков што се потпиша, а кој се уште не е поминат на Парламент, и за кој се уште има време и народот ќе си каже на 15 октомври дали подржува ваков вид на договор со Бугарија, во кој се откажуваат од македонското малцинство во Бугарија, во кој пишува дека имаме заедничка историја, во кој стои дека ќе се менуваат учебниците по историја во Македонија и во учебниците ќе стои дека Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и останатите биле Бугари, дека Илинденското востание не било македонско, туку бугарско. На 15 октомври еве шанса народот да излезе и да каже како било, што било и што тие чуствуваат и во што веруваат.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Нкола Груевски на големиот митинг во Битола.

Нашите опоненти говорат дека брзо ќе го решат прашањето со името, отворено покажаа дека се подготвени за без преговори решавање на проблемите со соседните држави, така планираат да го решаваат и проблемот со јужниот сосед. На 15 октомври граѓаните од цела Македонија ќе кажат што мислат за таков начин на решавање на проблемот кој Грција го отвори со нашето име, додаде Груевски.