Ловењето на езеро во средината на поле или нива е многу тешка задача, но е вистински предизвик за сите ловџии.
Вториот предизвик е најниска вегетација и прикривањето на отворените површини. Птиците имаат тенденција да бидат крајно претпазливи и прават неколку обиколки, за да ја проверат ситуацијата и да се убедат дека местото е мирно. Ако сте мала група на ловци, без прикриени лица и застанати наспроти сонцето веројатноста за успех се намалува драстично. Ако е возможно, поставете се (Layout blinds), со грбот кон сонцето, а ветрот да ви дува косо. Ова "сценарио" е од огромно значење за успешноста на вашиот лов. Поголемиот дел од птиците ќе слетаат прво во водата и потоа ќе си го пробијат патот кон храната. Наредете ги своите мамки така да птиците да можат полесно да се приземјат во водата. Тие сакаат пристапот над водата на патот кон мамките да е секогаш спротивно од ветрот. Употребете ја шемата од сликата , запазете ги малите правила погоре и шансата за успешен лов ќе ви се зголеми.
При лов околу езеро или мочуришен регион е многу полесно да се најде природно скривалиште. Птиците се навикнати да го користат, како место за одмор или место за криење,тие имаат одредена зона или реон за слетување. Можете да го најдете овој дел , доколку прифатите еден совет: тоа обично е отворен и плиток дел кој обезбедува подобра прегледност и можност за безбедно полетување при опасност. Ова е местото каде што треба да се распореди мамецот. Ставете го мамецот во линија кон средината на езерото од подветрената земја. Овој начин на поставување на мамецот обезбедува видливост и ќе ги привлечете птиците од голема далечина. Ставете го поголемиот дел од мамецот, во близина на брегот во водата и на копното околу вашето скривалиште. Ваквиот начин ќе ги "повлече" птиците и ќе ги доведе на истрелна далечина. Најдобри резултати се постигнуваат со подвижни засолништа. Кога сте во можност, поставете се така што птиците да поминуваат преку позицијата на истрелите, а не да доаѓаат директно кон вас. На овој начин птиците се најлесни за лов. Како и секогаш маскирањето е најтешкиот дел од оваа задача. И не заборавајте го движењето на ветерот. Птиците секогаш се приземјуваат спротивно на ветерот.
Ловот на реката е најуспешен во студените зимски денови. Кога температурите се под нулата, отворените езерца се замрзнати. Патките и гуските се принудени да бараат храна во водите кои течат. Најважните елементи при лов на река е видливоста. Вториот најважен дел се вашите мамки. Треба да ги наместите вашите мамки на место со голема видливост: разливи или заливи на реката, кои не се замрзнати.
Направете долга линија од мамецот кон главниот канал на реката. Тоа ќе обезбеди максимална видливост за птиците кои минуваат. Останатите мамки поставете ги на брегот или на заливот во форма на буквата У. Позициите за стрелање треба да се на крајот. Патките скоро секогаш се приземјуваат во водата, а не на мразот. Обезбедете им на птиците доволно вода за да можете да го направите својот поход.
Користете акрилни свирки кои се посилни од другите. Тоа ќе ви помогне и ќе ја привлече патката на поголемо растојание. Користете ја шемата од сликата, ќе ви донесе успех.
Снежните маскирни се задолжителни за овој период од годината. И не заборавајте го правецот на ветерот.