Вселенското тело познато како Зелена Комета, кое кружи околу Сонцето на секои 50.000 години, наскоро ќе прелета покрај Земјата.
При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.).
Европската вселенска агенција (ЕСА) објави дека ја испраќа роботската рака „Сампл трансфер арм“ (СТА) и ќе ја користи во мисијата за праќање примероци од почвата од Марс на Земјата.
Во првата половина на оваа година, НАСА ќе го избере екипажот од четири лица за својата програма „Артемис“ за праќање на астронаути на Месечината, првпат по 50 години.
Повеќе од 30 од најбогатите Норвежани побегнаа во Швајцарија и други земји во текот на изминатата година, додека деловните лидери изразуваат загриженост за данокот на богатство што го наплаќа централно-левичарската влада во Осло, пишува „Фајненшл тајмс“.
Според досегашните информации, никој од вработените во британската истражувачка станица во близина не е во опасност.
Астероид, под назив „2023 БУ“ вечерва мина близу Земјата. Откриен е пред само неколку дена, а прелета над Јужна Америка, на далечина од 36.000 километри при неговата најблиска точка во однос на нашата планета.
Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници.
Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца.
Ротацијата на внатрешното јадро на Земјата, се чини, е речиси целосно застаната и/или тоа сега би можело да оди и во обратна насока, посочува ново истражување на Универзитетот на Пекинг, Кина.