Поради земјотресите во Турција, земјената маса поместена за три метри
Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер.