Но, научниците прво морале да „ѝ го прикачат“ на раката заради неопходното прилагодување околу потребното снабдување со крв, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).
Голем меѓународен експеримент со четиридневна работна недела покажа дека таквиот концепт на работа им се исплати и на работодавачите и на вработените, така што огромното мнозинство на компании кои учествуваа во него одлучија да не се вратат на стариот систем.
Лицата со белодробни заболувања се меѓу најранливите на климатските промени, сметаат стручњаците за респираторни болести, повикувајќи на итна акција за запирање на климатските промени и намалување на загадувањето на воздухот.
Речиси 100-годишен маж е обвинет во Германија за соучесништво во убиствa додека бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен од 1943 до 1945 година, за време на Втората светска војна, објавија денеска обвинителите.
Здравствените власти во Париз за прв пат извршија дезинсекција за да ги убијат тигрестите комарци кои се размножија во француската престолнина и северна Европа поради климатските промени, пишува „Гардијан“.
Како што објави весникот „Тијд“, поаѓајќи од фактот дека процесите во Вселената се одвиваат побрзо отколку на Земјата, Конзорциумот се надева дека тоа ќе им овозможи на истражувачите да дојдат до нови сознанија.
Норвешка е најпогодна земја за живот во пензија, според новата листа на „Глобал ритајрмент индекс“. На списокот се најдоа 40 земји од цел светот, каде што според показателите, пензионерите живеат најдобро.
Грчки археолози успеаја да откријат одамна изгубено светилиште посветено на богот Посејдон во античкиот град Хелика, соопшти Министерството за култура на Грција.
Британската Национална здравствена служба (НХС) ќе биде првата во светот што на стотици пациенти во Англија ќе им понуди „седумминутна инјекција“ за лекување рак.
Како што рече Никола Мирковиќ, програмски соработник во ЦГО и еден од авторите на студијата, во споредба со статистиката во Европа, во Црна Гора младите доцна стануваат независни.