Глумецот Џон Амос починал во август, но ќерка му, како и цела јавност, сега дознала за смртта
Познатиот американски глумец Џон Амос починал на 21 август, но оваа недела се дозна за неговата смрт. Смртта на Џон ја објави неговиот син Кели Кристофер К. Амос. Покрај обожавателите, за тажната вест преку медиумите дознала и неговата непријатно изненадена ќерка Шенон Амос.