Шпанец добил казна од 800 евра откако пријавил дека бил незадоволен од услугите на проститутка
Во Шпанија, еден човек ѝ платил 30 евра на проститутка, а потоа отишол во полициска станица да ја пријави затоа што „не ја завршила платената услуга“. Така, полицијата го казнила со 800 евра затоа што платил за сексуални услуги, соопштија властите.