Сан Франциско веројатно ќе ѝ дозволи на својата полиција да користи роботи кои убиваат
Конечната одлука на градските власти се очекува на 6 декември, но случајот веќе предизвика полемика и контроверзии. Противниците на предлогот стравуваат дека доколку биде усвоен, тој може да доведе до зголемување на полициската бруталност, и иднина како „во ’Терминатор‘ филмовите“.