Бабиќ: Сакаме победа против Кадетен Шафхаузен
Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, најави дека неговиот тим влегува со победнички амбиции на утрешниот натпревар на гостински терен против швајцарски Кадетен Шафхаузен во рамки на 2. коло во Лига Европа.