Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, ги кажа првичните задачи со кои ќе се зафати по стапувањето на новата функција.
Борко Ристовски е нов извршен директор на најтрофејниот македонскиот ракометен клуб Вардар, додека Стојанче Стоилов е назначен за помошник тренер и координатор на младинските категории.
Вардар немаше среќа во денешното извлекување на двојките за квалификациите за Лигата на Европа. „Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката.
Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата сезона со 26-годишниот десен бек Стефан Трпчевски, соопшти попладнево битолскиот клуб.
Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место.
Вардар 1961 се враќа на европската сцена по пауза од една година и во квалификациите можни противници ќе му бидат Рајн Некар, Гранољерс, Брага, Винтертур и Истад.
Македонската женска репрезентација денес во 12 часот ќе се соочи со Норвешка во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство за ракометарки до 19 години.
Уште една трагедија се случи во македонскиот ракомет. Синоќа почина млад ракометар. Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.
Левиот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Талески ќе ја продолжи кариерата во Бенфика, откако денеска потпиша едногодишен договор со португалскиот клуб.
Македонските ракометарки добро го започнаа натпреварот и влегоа во завршницата на првото полувреме со предност (15-14), но Црногорките возвратија со серија од 5-1 за да заминат на пауза со водство од 19-16.