Вардар ја заврши 2017 година со победа, во гости во Словенија кај Горење, 30-24 во рамките од СЕХА Газпром лигата. Ја остваривме 11 победа сезонава, 16-та по ред во 2017 и 17 по ред во СЕХА лигата.
По 10-те одиграни кола Вардар е прв со максимални 30 бодови.
Арпад Штербик, голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, е прогласен за најдобар ракометар на светот за 2017 година.
Голот на Хрватот во полуфиналето на Ф4 во Келн против Барселона со кој Вардар обезбеди финале, а потоа и го освои трофејот, се најде на врвот во изборот на ЕХФ - ТОП 30 погодоци.
Шампионот на СЕХА лигата Вардар на вчерашниот дуел со вицепрвакот на Македонија Металург 40-тина минути беше во негатива, но сепак избраниците на тренерот Раул Гонзалез стигнаа до 10.та победа сезонава во ова натпреварување.
Со серија од 3-0 Металург намали на 27-23. А потоа Вардар повторно врза серија преку Борозан и пак зголеми на 30-24. Со голот на Мартин Поповски од пенал „црвено-црните" ја вратија највисоката предност од „плус седум" за триумф 31-24.
Изморен од бројните патувања и ослабен со отсуството на неколку стандардни првотимци, Металург вечерва гостуваше во Цеље, каде одигра натпревар од 9. коло на СЕХА-лигата.
Вардар очекувано и лесно ги освои трите бода на дуелот од СЕХА Газпром лигата против Војводина со триумф 37-22 (17-13) зацврстувајќи се на првото место на табелата, оставајќи го српскиот првак на делба на последното место.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го соопшти поширокиот список на играчи кои ќе се борат за место во тимот што ќе настапи на Европското првенство.
Пивотменот на Вардар Мијајло Марсениќ по завршувањето на сезоната ќе ги напушти „црвено-црните“ и кариерата ќе ја продолжи во Фуксе Берлин.