Раул: Им дадов шанса на сите, важно ми е што ја оправдаа
Раул Гонзалез, стратегот на Вардар, по натпреварот против Војводина и новата СЕХА-победа беше задоволен од прикажаното. Шпанецот истакна дека целиот негов тим добил шанса да игра и му е навистина драго што ја оправдале истата и играле дуел во високо темпо и многу постигнати голови.