Пред граѓаните кои беа на плоштадот Македонија да ги пречекаат Вардарци и заедно со нив да ја прослават титулата, се обратија и двајцата коментатори на српската Арена кои ги коментираа преносите на Вардар во Келн.
Секогаш претпазливиот Роберто Гарсија Парондо во својата прва сезона на тренерското место на Вардар, успеа да стигне до насловот европски шампион.
Играчот на Вардар Игор Карачиќ заедно со неговите соиграчи од Македонија во еден здив ја испеа Македонската химна пред насобраните граѓани на плоштадот кои дојдоа заедно со нив да ја прослават титулата.
Најдоброто лево крило во лигата на шампионите Тимур Дибиров пред насобраните граѓани на плоштадот на Скопје истакна дека се чуствува како Македонец.
Ракометарите на Вардар од специјалната бина на плоштадот во Скопје им се обратија на десетиците илјади фанови кои повеќе од три часа ги чекаа своите миленици.
Сите ве сакам, порача единствениот германец во тимот на Вардар, Кристијан Дисингер пред насобраните граѓани на скопскиот плоштад.
Стојанче Стоилов капитенот на Вардар пред насобраните граѓани на плоштадот во Македонија, исто како и пред две години така и овој пат нагласи:
Панорамскиот автобус со кој се превезуваа ракометарите на Вардар од аеродромот до центарот на Скопје, пристигна на плоштадот „Македонија“.
Ракометарите на Вардар и европски шампиони пристигнаа на плоштадот Македонија каде што околу десетина илјади најверни навивачи на Вардар повеќе од три часа ги чекаа за да им искажат благодарност за втората европска титула.
Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во светот, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми кажа дека е многу горд на успехот на Вардар. Тој рече дека е неверојатно ова што го направи Вардар.