Зеленортските острови останаа без доволен број играчи поради коронавирус на СП во ракомет во Египет
Германија со службени 10:0 ќе го добие мечот од второто коло во групата А на Светското ракометно првенство против Зеленорстските острови, откако африканската репрезентација пријави денеска два позитивни случаи на коронавирус и остана без доволен број ракометари за утрешната пресметка.