Грчкиот плејмејкер Ник Калатес ќе го пропушти претстојниот Мундијал. Својата одлука играчот му ја соопшти на селекторот на грчката репрезентација Димитрис Итудис.
Реал денес го најави враќањето во тимот на Факундо Кампацо. Со 32-годишниот аргентински кошаркар е договорена соработка следните четири години.
Кливленд кавалирс рано утрово го совлада Хјустон рокетс со 99:78 (28:14, 23:30, 28:15, 20:19) во финалето на летната НБА-лига.
НБА-лигашот Оклахома тандер официјално го објави потпишувањето на долгорочен договор со српскиот кошаркар Василије Мициќ.
По одигрувањето на завршните турнири во Скопје и Крит, познати се сите 16. репрезентации кои ќе бидат дел од елитниот младински Евробаскет во сезоната 2023/2024.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ, во гласањето на тренерите на сите 20 селекции е избран во најдобрата петорка на Европското првенство во Скопје.
Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија.
Амар Хот пред вечерашното финале со Чешка на Европското првенство дивизија-Б за кошаркари до 20 години, верува дека македонската репрезентација има сили да го освои трофејот.
Топ-чуварот на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, му се придружи на американскиот конзорциум „49ers Enterprises“, кој во јуни се здоби со контролен пакет акции во фудбалскиот клуб Лидс.
Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи со Чешка во финалето на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години кое се одржува во Скопје.