Јокиќ на натпреварот против Сан Антонио го повтори личниот сезонски рекорд по постигнати поени
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл синоќа на мечот со Сан Антонио (120:132). Србинот средбата ја заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции со пет загубени топки.