На 40 години, Новицки потпиша нов договор со Далас
Германското тешко крило на Далас Маверикс Дирк Новицки потпиша нов едногодишен договор, соопштија од клубот. Четириесет-годишниот Новицки ќе ја игра 21-вата сезона во дресот на „телињата“, со кои ја освои титулата во 2011 година.