Расистички скандал во Грција, коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
Обвинител во Грција започна истрага откако спортски коментатор го нарече црномурестиот кошаркар Танасис Адетокумбо „мајмун“. Такис Цукалас го направил овој коментар на 9 ноември, откако тимот на Андетокунбо – Панатинаикос го победи Олимпијакос со 93:80 во Евролигата.