Кошаркарите на Партизан не добија дозвола да влезат на Косово
На експедицијата на КК Партизан денеска не и беше дозволен влез на територијата на Косово. Српскиот клуб се упати кон Косово да даде поддршка на своите сонародници кои протестираат против мерките на Приштина, но и да одигра пријателски натпревар со Трепча, братски клуб на „црно-белите“ од 2014 година.