Македонските кошаркари од руски Перм ги почнуваат квалификациите за Евробаскетот 2021
Градот Перм ќе биде во улога на домаќин на првиот квалификациски натпревар за пласман на Евробаскетот 2021 година, во која селекцијата на Русија ќе ја пречека македонската репрезентација. Вака гласи одлуката на раководството на Руската кошаркарска федерација за дуелот кој е закажан за 23 февруари, наредната 2020 година.