Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, истакна дека неговите играчи испишаа историја со одбраната на титулата во кошаркарската Евролига.
Кошаркарите на Мајами го совладаа синоќа Бостон на гостински терен со 109-103 и поведоа со 2-1 по третиот натпревар во финалната серија во Источната конференција во НБА лигата
Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во Белград, откако вечерва во драматичен натпревар триумфираше над Олимпијакос со 77-74.
Белград од денеска до сабота ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига
Орландо во регионалниот дел од сезоната забележа само 22 победи, но тоа на клупското раководство му донесе синоќа во Чикаго можност да прослават победа на НБА лотаријата и да го добијат правото први да избираат на годинешниот драфт
Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години Јелена Антиќ денеска го објави списокот со 18 имиња за подготовките за настап на Европското првенство во Б дивизијата
Поранешниот германски кошаркарски репрезентативец Адемола Окулаџа почина по долга и тешка болест на 46 – годишна возраст, јавија синоќа германските медиуми
Младинската Екипа на МЗТ Скопје Аеродром е шампион во М12 Лигата, информира Кошаркарската федерација на Република Македонија
Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во финалето на Западната конференција во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако синоќа пред своите гледачи го совладаа Мемфис со 110-96
Кошаркарската Евролига го соопшти денеска составот на идеалниот тим за актуелната сезона во кој се најдоа играчи на Барселона, Реал Мадрид, Олимпијакос, Монако и Ефес.